Државата ќе дава пари за ПВЦ или алуминиумски прозорци – оглас наредната недела


Државата за прв пат ќе ги субвенционира домаќинставта кои ќе стават ПВЦ или алуминиумски прозорци.

Огласот ќе биде објавен наредната недела.prozor cistenje

Ќе се покрива до 50 % од трошоците за ставање прозорци или максимум до 500 евра.

Со нив ќе се зголеми енергетската ефикасност на домот, која може да им донесе значителни заштеди на граѓанаите од сметките за струја.

– Државата покрива до 30% од трошоците за соларни панели и до 50% за ставање ПВЦ и алумунмиумски прозори. За оваа намена има издвоено 17 милиони денари за соларни панели и уште 20 милиони денари за ПВЦ и алуминиумски прозори, при што се надоместуваат до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство- изјави Исмаил Лума, министерство за економија.

Изборот кој да добие субенции за соларни панели, ќе биде како и минатите години, по принципот на лотарија, додека пак за прозорците – прв дојден, прв услужен, односно приоритет ќе имаат оние домаќинства кои први се пријавиле на огласот. Пресметитке велат дека на овој прв оглас субвенции ќе добијат околу 650 домаќинства.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1