Како што дознава Охрид 1 од свои извори, Дебарско – кичевската епариха на МПЦ – ОА добила решение за уривање на одредени објекти во комплексот Свети Наум кои беа изградени неодамна.
Како што пренесува порталот решението било врачено деновиве, а подетално информации за што конкретно станува збор и што треба да се урива нема.
Општина Охрид очекува од Дебарско-кичевската епархија да постапи во врска со решенијата за урвање на објектите кои се новозиградени во комплексот Свети Наум.
„Општина Охрид е свесна за значењето што манастирскиот комплекс го има како духовна, историска и туристичка вредност и затоа во своите постапувања се труди да ги запази законските норми и коректните реалации со Дебарско-кичевската епархија, а сите проблеми да бидат надминати во рамките на институциите на системот.Согласно ваквиот став, ние сме убедени дека во најскоро време, одредени пропусти во постапката ќе бидат надминати и активностите околу урбаното уредување на просторот во делот од манастирскито комлекс ќе продолжат без натамошни непријатности. Светоста на манастирскиот комлекс не обврзува сите нас да бидеме внимателни во постапките и во јавно изнесените ставови, без непотребно подгревање на атмосферата“ -велат од општината за плус инфо
Нека повелат и нека го урнат манастирот, вели владиката Тимотеј во изјава за порталот Охрид1 по информациите дека се донесени решенија за рушење на објекти на МПЦ во склоп на комплексот Свети Наум.
– Нека повелат и нека го урнат манастирот! Толку дивоградби има насекаде, цели градови се дивоградби, толку џамии има дивоградби, а сега ако дошло ред да се урива во манастирот, што да кажам дурго. Нека повелат нека уриваат- вели владиката Тимотеј.
На прашањето на Охрид1 дали овие решенија за рушење имаат врска со неговите јавни настапи во врска со плановите за градба на Субрата Рој, кои влегуваат во манастирскиот имот, владиката Тимотеј одговара со потврден одговор.
– Да Претпоставувам дека е тој, инаку кој друг би го правел ова – вели владиката Тимотеј.
Тој нагласува дека до него лично од општина Охрид не стигнал никаков документ поврзан со градбите во манастирот.
– Јас немам примено ништо и јас не сум поштар па да се интересирам за поштата. Дали нешто дошло до службите не сум запознаен – дециден е владиката Тимотеј.