ДРЖАВАТА ЌЕ ПЛАТИ ЗА ЦЕЛОСНО ЛЕКУВАЊЕ НА ТАМАРА ДИМОВСКА


Државата ќе го плати лекувањето на Тамара Димовска во странство, девојчето кое има вродена болест на рбетот.  Ова го вети  министерот за здравство Никола Тодоров. Вели дека министерството и фондот целосно ќе ги покријат трошоците кои се потребни за третманот кој ќе го спаси детето од траен инвалидитет.

tamara_0

Родителите на Тамара побараа помош откако Фондот одби да им одобри операција во странство со образложение дека девојчето може да се оперира на клинички иако поради сложеноста на случајот ниту еден доктор од таму не се нафати на ова.

Според неофицијални информации токму министерството забранило сите вакви случаи да се праќаат во странство со образлозение дека  се чека да се отвори  центар за лекување на сколиоза. Но, и министерот и директорот на фондот јавно признаа дека не се сигурни дали центарот ќе има капацитет за вакви тешки операции.

Под притисок на јавноста министерството попушти и најави  позитивен исход. За ова се уште не се информирани  родителите кои очекуваат дека во следните денови процедурата ќе се забрза за што побргу Тамара да стои исправена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1