Државата му додели стан на 7-членото семејството кое остана без покрив над главата


На иницијатива на министерството за труд и социјална политика, Комисијата за станбени прашања при Влада на Р.Македонија им додели стан во општина Тетово на седумчленото семејство Ристовски од тетовското село Сиричино, чија куќа неодамна настрада од поројни дождови.

Foto - Kurir

Foto – Kurir

 

Семејството кое тогаш остана без покрив над глава, во најкраток рок ќе се всели во новиот стан, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството интервенираше со еднократна парична помош, а семејството ќе биде вклучено и во акцијата “Се грижиме за топол дом”, како и во донации во облека, храна, хигиенски препарати.

Во стариот објект кој најверојатно попуштил од поројните дождови, во моментот кога се разрушил за среќа немало никого. Велко Ристоски, неговите пет деца и сопругата, која очекува новороденче, излегле од дома пет минути пред да се случи несреќата.

Во останатиот дел од стариот објект кој не е урнат живее братот на Велко, Борче Ристоски кој е оженет и има три деца.

За реконструкција на старото живеалиште каде живее и братот на Велко Ристовски, општина Јегуновце излезе во пресрет со помош од градежни материјали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1