Државен колапс, битки за вода и нафта, хаос – Предвидувањата на Миле Дупор


Прогнозите на Миле Дупор и описот на растечкиот друштвен хаос, државен колапс константните битки за нафта и останати ресурси, потпомогнати од загадувањето и популациската експлозија, можеби пред половина век изгледале како „негативна утопија“, но денеска се сурова реалност.

500-Mile-DuporНеговите дела може да се поделат во две целини астролошки текстови и дела со физичко мистична тематика. Голем број на астролози сметаат дека неговите книги, особено „Не верувајте проверете“, и денес се денес учебници за сите оние кои што сакаат да ѕирнат од другата страна на тајните на хороскопот.

Во другите книги кои се познати и по „херметички списи“ се текстови за еволуцијата на човекот и потенцијалите и тајните на Атлантида.

Во 1939 година во текстот „Доаѓаат Словените“, Дупор го најавува пропастот на Западот. Го најавува грабливиот и колонијален менталитет на развиените западни држави кои на словенските нации веќе долг период им го блокираат развојот. Проучувајќи ја историјата на минатите цивилизации, Дупор говори за се по присутната легенда за потопот на врвно развиена цивилизација Атлантида која се случила пред 11,000 години. Во голема природна катастрофа исчезнува величествениот контингент. Преживеаните жители во паника бегаат на сите четири страни на светот. Некои од нив основаат нови заедници и држави.

Со време старите знаења се дегенерирале и избледеле, но колективно несвесната човекова раса запамтила дека некогаш постоеле луѓе кои биле речиси рамни со боговите. Првата држава по потопот бил Египет. По нејзе приматот го преземаат семитските култури, а подоцна биле заменети со цивилизацијата на европско тло, а обележана е со христијанството и наглиот технолошки развој. Постојат голем број на индиции дека религиите во Египет и древниот Мексико се копии на ритуалите и обичаите увезени од Атлантида. Дупор бил гневен поради тоа што научната заедница го игнорирала важното прашање за историјата на цивилизацијата, но се бавела со тривијална статистика за годишната потрошувачка на минерална вода во светот. Тој се прашува дали „презрелата“ цивилизација оставила некаква извртена психа кај луѓето? Ова е актуелно прашање кое голем број на луѓе си го поставуваат. Дали сите сме полуделе? Од каде потекнува човековиот мрачен нагон? Од каде кај нас толкава преданост за деструкција и војна? Зошто е толку лесно да се навлечеме да правиме срамотни дела? Не ја отфрла можноста дека во нашата ќелиска меморија спие трауматското сеќавање на катастрофата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1