Во авионот на компанијата Етиопија ерлајнс кој денеска се сруши само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба имало патници од 33 држави.![]()
Меѓу загинатите во паднатиот авион кој летал на релација Адис Абеба – Најроби е и еден Србин, пренесе Ројтерс повикувајќи се на соопштение од авио-компанијата.
Етиопските медиуми пренесоа дека ниту еден од 149 патници и 8 членови на екипажот не ја преживеал авионската несреќа.
Меѓу загинатите патници 32 се државјани на Кенија, 18 на Канада, 9 на Етиопија, има по осум загинати државјани на Италија, Кина и Америка, по седум Британци и Французи, 6 државјани на Египет, 5 на Холандија и по четворица Словаци и Индијци.
Во авионот имало и по тројца државјани на Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел и по еден од Србија, Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен.









