ФОТО: Објавена листата со загинатите патници од авионот кој се сруши – 157 жртви


Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности.

Од компанијата соопштија дека во авионот имало 149 патници и 8 членови на екипажот на летот ЕТ302 кој летал од главниот град на Етиопија до Најроби во Кенија.

Помеѓу патниците имало 32 Кенијци, 18 Канаѓани, 8 Американци и 7 Британци. Несреќата се случила во 8:44 часот по локално време, осум минути по полетувањето на авионот.

Очевидци на падот на авионот за Би-Би-Си изјавиле дека имало голем пожар кога авионот се срушил.

„Експлозијата и огнот беа толку силни што не можевме да се приближиме до местото“, изјавил еден од очевидците.

Причините за несреќата засега се непознати, но од компанијата соопштија дека пилотот имал проблеми во летот и барал да се врати назад и да слета во Адис Абеба.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1