Државна лотарија на Македонија бара работници – плата 41.500 денари – рок до денес


Се составува тимот во „Државна видеолотарија на Република Македонија – Касинос Аустриа“, која летово треба да почне со организирање видеоигри. На оглас се бараат 12 работници, од помошник на директорот до архивар. Компанијата, која 51 отсто е во сопственост на Државната лотарија на Македонија, а 49 проценти во сопственост на „Касинос Аустриа“, нуди пет вработувања за среднисти со плати од по 30.000 денари и седум вработувања за дипломци со плати над 40.000 денари.

video lotarijaВрз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи ( Весник на Република Македонија бр.62/05.. .187/2013), Друштвото за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на работници на неопределено време

Друштвото за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија Касинос Аустриа ДОО Скопје има потреба од вработување на работници на неопределено време, за следниве работни места:

1. Личен асистент на генералниот директор 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 30.949,00 денари.

2. Самостоен соработник за јавни набавки – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Правен факултет завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: 3 (три) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 41.527,00 денари.

3. Соработник за административно техничка поддршка – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Средно образование завршен IV степен
– Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 29.348,00 денари.

4.Координатор за имплементација на стандарди – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Средно образование завршен IV степен
– Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 30.949,00 денари.

5. Web/интернет администратор – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Средно образование завршен IV степен
– Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 30.949,00 денари.

6. Соработник за правни работи – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Правен факултет завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: 3 (три) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 35.481,00 денари.

7. Одговорен работник во писарница – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Средно образование завршен IV степен
– Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 26.416,00 денари.

8. Самостоен соработник за книговодство – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Економски факултет завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 41.527,00 денари.

9. Главен благајник – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Средна стручна подготовка -IV степен
– Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 30.949,00 денари.

10. Специјалист за софтвер – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Факултет од областа на технички или економски науки завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: 5 (пет) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 41.527,00 денари.

11. Специјалист за хардвер – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Факултет од областа на технички или економски науки завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: 5 (пет) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 41.527,00 денари.

12. Инженер за техничка поддршка – 1 (еден) извршител со следниве услови:
– Факултет од областа на технички или економски науки завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
– Работно искуство: 2 (две) години работно искуство
– Познавање на англиски или друг светски јазик
– Познавање на office апликации и користење на интернет
– 40 работни часа во неделата од понеделник до петок
– работно време од 08 и 30 часот до 16 и 30 часот
– основна плата: 38.503,00 денари.

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена сметајќи го и денот на објавување на огласот.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување во кој ќе биде утврдено времетраењето на пробната работа, не подолго од шест месеца.

Рокот во кој работодавачот ќе изврши избор е 7 (седум) работни дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.

Доколку на јавниот оглас ќе се пријават повеќе од 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во роковите утврдени во закон.

Кандидатите за горенаведеното работно место покрај пријавата со кратка биографија треба да достават и докази за исполнување на горенаведените услови и тоа:
– диплома или уверение за завршена стручна подготовка
– потврда за работно искуство со бараната стручна подготовка
– уверение за државјанство.

Доказите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.

Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување.

Пријавите со потребната документација кандидатите да ги достават по пошта до Друштвото за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија Касинос Аустриа ДОО Скопје, ул. „Гоце Делчев“ бр.8, Поштенски Фах 506,1000 Скопје.

Краен рок за пријавување: 28.02.2014
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1