Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15


Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.

Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број преставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности, се појаснува во соопштението и се напоменува дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Од МТСП ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. Во таа насока, при инспекцискиот надзор, ќе се проверува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата, се подвлекува во соопштението од МТСП, е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1