ДУИ смета дека инцидентот кој што се случи во Гошинце е акт кој е пред се на штета на албанската агенда во Македонија и во регионот. „Граѓаните не треба да бидат вознемирени но истовремено не треба да дозволат да паднат во замка на таквите провокации.
Ваквите провокации нема да не поместат од претходно утврдената платформа“, е наведено во соопштението на партијата. Од ДУИ бараат од надлежните институции да преземат одговорност за гарантирање на безбедноста на граѓаните и што побрзо да го расветлат овој случај.
Според партијата, истовремено потребно е интензивирање на регионалната соработка со цел гарантирање на стабилноста и намалување на просторот за дејствување на групите кои имаат за цел спречување на платформата за интеграција и помирување.