Косовското МНР го осуди нападот на полициската станица во Гошинце


Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце.

Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него исто така стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професионална и нееднострана истрага.kosovo mnr

Официјална Приштина искажува подготвеност да им помогне на македонските авторитети за да се откријат сторителите на овој акт.

„Република Косово како фактор на стабилност во регионот, останува во одлучноста за унапредување на климата на добрососедство, почитувајќи ги суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, како соседна земја, како и целосната имплементација на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на косовското МНР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1