ДУИ ЌЕ ПРЕГОВАРА СО ГРУЕВСКИ ЗА НОВАТА ВЛАДА


Претседателот на ДУИ Али Ахмети за ТВ 21 потврдил дека ќе преговора за формирање на нова влада со победничката, односно партијата која има освоено највеќе мандати на предвремените парламентарни избори.ahmeti-i-gruevski

Иако во одговор за ТВ21 лидерот на ДУИ потврдил дека ќе преговара за формирање на владина коалиција со партијата која добила највеќе пратенички мандати на последните предвремени парламентарни избори, тој негирал дека досега имало било какви официјални средби помеѓу него и мандатарот Никола Груевски, или пак средби на било какви работни групи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на вчерашниот ден предупреди дека доколку ДУИ не го почитува принципот на преговарање со победникот, тогаш ниту неговата партија нема да го почитува овој принцип на наредните избори.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та“, вели Никола Груевски.

Победничките партии во македонскиот и албанскиот блок имаат вкупно 61 пратеник со што е исполнет условот за формирање на Парламентарно мнозинство.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1