ДУИ ќе влезе во влада предводена од СДСМ (ВИДЕО)


Демократската унија за интеграција (ДУИ) на седницата на Централното претседателство синоќа одлучи да учествува во новата Влада предводена од СДСМ, изјави портпаролот на партијата, Бујар Османи.dui-1

– Го повикуваме господинот Иванов, согласно со неговите уставни надлежности и неговото сопствено барање да го додели мандатот за формирање на влада, потврдено со 67 потписи. Истовремено го повикуваме Иванов и сите политички партии да бидат внимателни во своите изјави да не ја загрозуваат заедничката иднинана граѓаните. ЦП на ДУИ ги информира граѓаните дека давањето на потписи за поддршка за земање на мандат истовремено подразбира и поддршка формирање на ново парламентарно мнозинство и нова влада, во духот на Рамковниот договор и посветена во владеење на правото и интеграцијата во НАТО и ЕУ. Учеството на ДУИ во новата влада ја рефлектира волјата на албанскиот народ изразена на последните избори од 11 декември и има за цел исполнување на програмата ветена пред граѓаните. ДУИ ќе бара целосно испитување на работата на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година до денеска и тоа под меѓународен мониторинг се додека не заврши процесот на реформирање на правниот ситем во државата – рече Османи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1