СДСМ: Следен чекор е брз и мирен трансфер на власта!


Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска Влада и независни демократски институции, реагира СДСМ.sdsm640nasa

„Барањата за нови избори се обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза. Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува. Јасна е определбата на граѓаните на Македонија. Граѓаните избраа промени и нова реформска Влада и Иванов и Груевски мора да дозволат брз и мирен трансфер на власта во Македонија“, смата СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека огромно мнозинство граѓани, околу 700.000, на предвремените парламентарни избори веќе избраа заедништво, промени, правда и живот!

„Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да го прифатат концептот на едно општество за сите, што ја зајакнува унитарноста на државата и носи квалитетен живот за сите граѓани, наместо фантомски поделби. Граѓаните јасно се изјаснија дека сакаат интеграција, а не изолација на Македонија, како што сака раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да продолжи со криминалите, личното богатење и да не одговара за последиците. Невозможно е!“, порачува СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1