ДУИ незадоволна од планот за поставување крст во општина Бутел


Советниците на ДУИ во општина Бутел јавно во петокот на прес-конференција го изразија своето “крајно незадоволство”, но и како што велат, и незадоволството на целокупната албанска популација во скопската Општина Бутел, за “нелегалната и провокативна” одлука на Советот на општината за изградба на “непропорционален гигантски крст во оваа мултиетничка и мултирелигиска општина”, велат од ДУИ.Krst

„Ја информираме јавноста но и државните и меѓународните институции дека воопшто не e почитувана легалната процедура во Советот како и Бадентеровото двојно мнозинство кое е законска обврска во овој случај. Преку оваа реакција сакаме уште еднаш да истакнеме дека ние немаме ништо против верските симболи, и тоа сме го докажале со фактот што во општина Бутел само во овој период се изградени неколку православни цркви и за тоа никој од нас не спорел“, се вели во соопштението на ДУИ.

„Меѓутоа, во конкретниот случај јасно се гледа дека се работи за отворена провокација кон 50 процентната неправославна популација во оваа општина. Во овој случај од страна на јавно прокламирани антиалбански центри, како што е Светскиот Македонски Конгрес со поддршка и на дел од политиката се злоупотребува верата за политички реваншизам. Ова носи исклучително голем ризик, не само за соживотот помеѓу етничките и верските заедници во оваа Општина, туку и во целата држава“, порачуваат од ДУИ.

„Затоа, уште еднаш јавно бараме од градоначалникот и советниците во општина Бутел, сериозно да ја преиспитаат оваа незаконска и ризична одлука и оваа отворена провокација кон неправославните граѓани во општина Бутел. Во спротивно, ние нема да сносиме одговорност доколку овој случај влијае негативно на меѓуетничките и меѓуверските односи“, велат од партијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1