Бебе избодено и живо закопано – спасено е


Жена која пасела говеда во Тајланд наишла на мал свеж гроб од кој се слушало плачење на бебе. Таа ја откопала земјата и од таму извадила неколкудневно бебе кое со помош на соседите го однела во најблиската болница.

По интервенција на лекарите бебето преживеало. Лекарите денеска за локалната телевизија изјавија дека спасеното бебе е „вон опасност по животот’’.bebe gaza

Констатирани се 14 убоди по телото на бебето, посебно во градите и стомакот. Полицијата во тајландската провинција Кох Каен трага по нехуманите родители и мотивот на нивниот обид за грозното чедоморство.

Иако Тајланд има неславна репутација дека е гнездо на сексуалната индустрија, населението, особено селското, во однос на сексуалните слободи е конзервативно. Сексуалното воспитување не е застапено во училиштата, освен во еден дел каде што лекциите се сведуваат на тоа девојките да чекаат на првиот однос до созревањето.

Наспроти ова, Тајланд има највисок процент на забременети тинејџерки во регионот. Дозволата за абортус е строго рестриктивна, па така се чести илегалните. Во 2011 година, на 40 месеци затвор била осудена жена која помагала да се извршат над 2.000 абортуси во простории на еден будистички храм во близината на Бангкок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1