Приврзениците на ДУИ предмалку започнаа да ја прославуваат победата во Кичево, каде денеска излезноста изнесуваше рекордни 89,6 отсто, јави репортерот на Макфакс.
Според неофицијални податоци, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево Фатмир Дехари има 1.300 гласови повеќе пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски, зад кого застана и СДСМ
Сепак ДУИ се уште е претпазлив и не ја објави оваа информација – се чека на сигурни и последни информации.
Makfax