По вчерашната средба меѓу лидерите на победничките партии на предвремените парламентрани избори, од Демократската унија за интеграција веќе го објавија списокот на нивните членови кои ќе учествиваат во разговорите на работните групи за состав на новата влада. А за време на митинзите го кажаа и списокот на барања со кои ќе настапат во преговорите за состанот на новаата извршна власт, објавува порталот мкд.мк.
Според ДУИ тоа ќе бидат Абдулаким Адеми како координатор, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети, Бујар Османи, Аднан Јашари и Артан Груби.
Ако се оди според она што ветуваше за време на кампањата, Али Ахмети на масата за преговори со Груевски ќе го стави следниов список.
Претседател Албанец на Собранието на Република Македонија. Ќе се бара и човек на ДУИ да биде прв човек на некои од поважните владини ресори – дипломатија, полиција, одбрана или министерството за финансии (а може и директор на УЈП).
Освен тоа, ДУИ се почесто заговара и уставни измени за употребата на албанскиот јазик на ниво на цела држава. Целата приказан околу предвремените парламентарните избори почна со предлогот на ДУИ за консензуален претседател и измени во Изборниот законик за избор на претседател на државата во Собранието на Република Македонија. И ова барање, кое ВМРО-ДПМНЕ не го прифати и се отиде на избори, ќе биде дел од списокот на ДУИ.