„Дукат“ го повлече млекото од продажба во Македонија – за секој случај


Претставништвото на „Дукат“ во Македонија одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд што се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека се безбедни и здравствено исправни, односно дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници.

dukat mlekoПовлекувањето од продажните места ќе се однесува само на трајните млека. Останатите млечни производи, јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите, нема да бидат повлечени зашто, според компанијата, се веќе проверени.

Следната пратка од кое било од млеката на „Дукат“ која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли што се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети иако тоа не е законска обврска на млекарниците.

– Претставништвото на компанијата се одлучи на овој чекор со единствена цел, да ја поврати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката „Дукат“ и да ги увери дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1