Дуковски: Јовановски мора во болница, може да има и смртни последици


Сашко Дуковски, бранителот на Јовановски изјави дека истрагата против неговиот клиент е завршена, па затоа обвинетиот не може да влијае на сведоци и таа одлука на Основниот суд Скопје 1 треба да биде отфрлена.

– Судот си дозволува мериторно за осомничениот да одлучува за се, па дури дека е и виновен – рече Дуковски.

Кривичниот совет на скопска единица според него со одлуката многу згрешил и навел низа „бисери”. Тој побара превентивна мерка за неговиот клиент, нагласувајќи дека нема да бега никаде и ќе биде достапен во процесот.
– Професор од торакална хирургија и затворската стража може да потврди дека мојот клиент секој втор ден се носи на клиника да прими терапија – истакна Дуковски.

Докторот според него напишал дека Јовановски мора да е згрижен во болница оти тенкото црево не било добро прицврстено со желудникот и можело да настапи смртна последица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1