Дума: Една секунда невнимание е доволна за трагедија


Една секунда невнимание е доволна за трагедија, вели проф. д-р Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина. Анализирајќи ги причините за се почестите сообраќајни незгоди во Македонија, професорот, освен на злоупотребата на алкохолот, укажува и на зголеменото користење дроги, посебно меѓу младите.duma

– Проблемот не е толку во алкохолот, колку што е во психотропните супстанции. Тука треба сериозно да се дејствува, истакнува Дума.

Како што посочува, навечер во Скопје се дивее по улиците, а  се почесто жртви се младите луѓе.

– Жално е кога на обдукција ќе биде донесен млад човек кој го загубил животот за само една секунда невнимание. Сите тие млади луѓе, се почести жрвти во сообраќајките, загинале заради невнимание, заради злоупотреба на моќта на возилото, препотентниот однос, а резултатот е низа семејни трагедии кои оставаат тешки последици, нагласува Дума, додавајќи дека не е мал бројот и на невините жртви кои настрадале поради туѓата неодговорност.

Професорот порачува дека културата во возењето е култура на живеењето.

Институтот за судска медицина ја подржува кампањата за безбедност во сообраќајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1