Тепачка во суд: Се искршиле од ќотек Фершпед и Руле турс – синот на Штерјо во болница


Денеска во Основен суд 2 дошло до крвава тепачка меѓу семејството Накови и Омерагиќ, поточно Штерјо Наков неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ, пренесе Нетпрес.

sterjo rule turs

При одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, најпрво тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ.

Потоа во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.

Според извори на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.

Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1