Српски Блиц пренесува дека водостојот на Дунав кај Нови Сад, Сланкамен и Банатска Паланка, како и на Тиса кај Тител и денеска е над границите.
Кај Земун и Панчево водостојот ќе биде во пораст и ќе ја достигне границата за вонредна одбрана утре и во сабота, предупредил Републичкиот хидрометеоролошки завод.
Кај Смедерево во текот на денот водостојот на Дунав ќе ги надмине границите за вонредна одбрана од поплави, наведува РХМЗ на својот сајт.
Водостојот на реката Сава кај Јамен, Сремска Митровица и Шабац се наоѓа над границата за вонредна одбрана од поплави со тенденција за мало опаѓање.
Кај Белград водостојот ќе биде во пораст и во текот на утрешниот ден ќе ја достигне границата за вонредна одбрана од поплава.