Ножот му ги исекол аортата и срцето на Ангел – оружјето се уште не е најдено


Денеска изминува 5-от ден од убиството, а ножот со кој е убиен младиот Ангел Петковски истражителите велат дека не е најден.

angel1Бидејќи вечерта кога беше извршен увидот, тревата во близина на Европската очна болница, каде беше извршено убиството, беше висока, истражителите ги замолиле локалните власти под нивно будно око да ја искосат тревата, но засега не соопштуваат дали е најдено оружјето.

Патолозите од Институтот за судска медицина утврдија дека 18-годишниот Ангел бил смртно прободен со еден убод со нож со засек од десно кон лево. Ножот бил остар и ја пресекол аортата и го прободел и срцето на покојниот матурант од Скопје. Патолозите велат дека убодот бил фатален.

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1