Дупки низ целата земја – сите округли како бушени – дали е ХААРП?


Од каде доаѓаат џиновските понори и дупки? Се разбира, тие отсекогаш постоеле, но во изминатите неколку години се чини како да нивниот број драматично се зголемува. Зошто толку џиновски дупки се појавуваат оддеднаш низ целиот свет? Дали нешто се случува со Земјината кора, или постои некое друго објаснување?

vrata-pakla-Guatemala-1024x682Некои од таканаречените експерти ја објаснуваат ваквата епидемија со пропаѓање на тлото, дека се работи за лабаво дно, потоа ги споменуваат киселите подземни води, новоградбите, протекување на водоводните подземни цевки. Но дали тие всушност разбираат за што се работи?

Во четвртокот 37 годишниот маж по име Џефри Буш, кој живее во близина на местото Тампа, Флорида, во САД, почина кога земјата се отвори под неговата куќа и наеднаш го проголта жив. Неговиот брат се обидел да му помогне кога го слушнал како вришти, но било предоцна. Целата соба била вшмукана длабоко во земјата, а домот морал веднаш да биде напуштен.

Сега властите признаваат дека веројатно тој никогаш и нема да биде пронајден. Дали ваквите појави се нормални? Не би била толку значајна работата доколку ова е изолиран инцидент, но вистината е дека во последно време, џиновски дупки се појавуваат се почесто на одделни делови од планетата. Може ли тоа да биде знак за тоа дека доаѓаат големи промени на планетата Земја?

article-2286514-1861342F000005DC-107_634x412Флорида одсекогаш била подрачје на кое се појавувале дупки, но бројките не покажуваат дека штетите се од рушевините. Дупките во државата се зголемиле во последните неколку години.
Осигурителните компании тврдат дека што се однесува до лизгањето на земјиштето, бројот на појава на дупки е зголемен за речиси двојно повеќе во периодот меѓу 2006 и 2009 година.
Но, тоа е само Флорида, зар не?
Останатите делови од земјата немаат ваков проблем, зар не?
Погрешно!
Доволно е да се провери што се случува во Харисбург, Пенсилванија и САД во последно време. Постојат десетини дупки кои се отвориле во Харисбург, а градот нема пари за да ги поправи истите.
Всушност во овој момент постојат 41 дупки кои што се документирани во Харисбург, а многу од нив, се наоѓаат на средината на улиците.

propadanje-tla-rupe-HAARP-1Пенсилванскиот главен град пати од лизгање на земјиштето и дупките, но градските власти не можат да направат ништо по тоа прашање затоа што некои делумно и банкротираа.
Опуштеното тло и протекувањето на големите подземни водоводни цевки се причина за ноќната мора на општините, а прашањето излезе во јавност на Силвестров, кога 15 метарска дупка се појави на улицата Фоурт.
Осум метри длабок кратер една од преостанатите 40 дупки во градот, е толку голема што мештаните ја нарекоа „Супер дупка“.
Се разбира голем број на градови во историјата на САД, искусиле ваква епидемија на одрони, зар не?
Нема причина за возбудување зар не?

dupka33Во државата Охајо се појави дупка со големина на фудбалско игралиште, со повеќе од 10 метри длабочина. Тоа создаде колапс на автопатот 516 и властите објавија дека истиот ќе мора да биде затворен во наредните неколку месеци.
Но, тоа е „нормално“, зар не?

Џиновска дупка во Луизијана стана главна тема на насловните страни минатата година кога земјата се отвори повеќе од 250 метри и до ден денес се зголемува, а властите не знаат кога ќе престане.
Но, вакво нешто се случува цело време зар не?

Sinkhole-in-Bayou-Corne-LA-300x225Неодамна, големи дупки беа причина за затворање на патиштата во Њу Џерси и во Аризона. Ваквите инциденти ќе бидат заборавени, затоа што денеска се повеќе вести излегуваат секојдневно за ваквите дупки во САД.

Би било одлично кога ваквите џиновски дупки се појавуваат само во САД, но за жал тоа не е случај!
На пример дупката која се појави среде градот Гватамела во 2010 година била длабока околу 30 катови. Во градот Сарисаринама, Венецуела, некои од дупките кои се појавиле во последните неколку години биле длабоки повеќе од 300 метри.

Кина била една од најлошите места на светот што се однесува до дупките во изминатите неколку години. Всушност еве што се случило со едно село во Кина:
Жителите во селото Лиануан во јужната кинеска провинција Хунан се внимателни во последните неколку месеци.

china-sinkhole-500x296

Преку 20 дупки се отвориле во земјата од рушевини минатата година, Рушењето на тлото, и појавата на дупките кои се разликуваат по големината, се видени како ги вшмукуваат куќите и ги пресушуваат реките. И никогаш немало предупредувања, кога и каде дупката ќе се појави.

Според локалните власти, главната причина за бројните уништувања на дното, биле големиот број на рудници од јаглен во тоа подрачје. Не е сеуште јасно кои мерки ќе се превземат за да се спречи и понатамошното појавување на ваквите дупки.

Може да се споменат уште голем број на случаи од целиот свет.
Џиновските дупки се отвораат во поедини делови од земјата и проголтуваат домови, згради, цевки, а понекогаш и луѓе.
Па зошто ова се случува?

TESLA18WEEK2FULLBRIGHT3000_thumb

Можеме само да погодуваме. Една од хипотезите е дека се работи за природни појави, но како се зголемува бројката во последните неколку години, се помалку се верува дека станува збор за дело на природата.

Со оглед на тоа дека Американците во последните 10 години забрзаа со експериментите со оружјето ХАРП, изум на Никола Тесла, оружје со кое се манипулираат временските услови, како и предизвикување на потреси, не е нелогично да се стави сомнеж на тоа дека ваквите природни појави всушност и не се „природни“.

Еве на пример во Хрватска се појавиле дупки кај местото Дрниш.

Квази научниците спомнуваат дека станува збор за бушење на нафта, рудници на јаглен и други работи.
Никола Тесла тврдел дека создал направа која во првиот експеримент ја прицврстил за железо во голема зграда.

haarp-balkan-jugoslavija-hrvatska-srbijaЈа уклучил и барал фреквенција на осцилации кои би ги резонирала со железната структура. По некое време ја пронашол вистинската фреквенција и целата зграда почнала да се тресе. Многу брзо морал со чекан да ја уништи за да го спречи потресот. Станарите од страв избегале, а во тој момент се појавиле полицајци и противпожарникари.

Теоретичарите на завера се обиделе да востановат дали станува збор за една легенда. Откако создале две слични направи кои не се покажале во најдобро светло, го пронашле научникот кој направил реплика на изумот на Никола Тесла.

Направата тешка 2,5 килограми ја испробале на железен мост. Откако конечно ја пронашле вистинската фреквенција која е резонирана со структурата на мостот, се што било на мостот почнало да се тресе.

billederhaarp-hole-in-sky2-300x2251

Сепак прикаската за ХААРП ја отфрлиле затоа што направата всушност не го произвела потресот.

Дали дупките одроните, и лизгањето на земјиштето како резултат на малите неосетливи потреси на целата земјина кора, е сигурно подобро да се објасни со пукнатите водоводни цевки, работата во рудниците со јаглен и останатите природни феномени.

Но, да ги погледнеме облиците на дупките. Тие се симетрични со кружен облик. Не се со елипсоиден облик или правоаголен облик. Се поставува прашањето дали природната појава би можела да создаде толку совршен кружен облик на дупка. Размислете само, колку дупки пештери или природни влезови под земјата сте забележале во својот живот, со така природен кружен облик?

На памет ми доаѓа само ХААРП зраците и одредените фреквенции кои можат да создадат таква дупка во земјата. Дали сега сме подготвени самите себе си да си признаеме дека ваквите дупки се последица на некои природни појави, или рушетини на рудници, протекување на водоводни цевки или којзнае што уште не?

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1