Значително е зголемен бројот на авиони од Швајцарија, кои викендов ќе слетаат на охридскиот и скопскиот аеродром, јавува телевизија Телма.
Денеска утре и во петок од Цирих и Базел во Скопје слетува по еден авион од редовната линија, но затоа во сабота покрај редовните три авиони од Швајцарија во Охрид ќе слетаат уште шест авиони со чартер линии. Идентична е ситуацијата и на 24 март.
Од Цирих во Скопје слетуваат два редовни авиони а во Охрид шест чартери. Од агенцијата „Њу момент“ задолжена за односи со јавност на „Тав холдинг“ кој управува со аеродромите во Скопје и во Охрид, не ја исклучуваат можноста да има ненајавени промени на летовите.
Телма