Дури 70 отсто од џихадистите кои војувале во Сирија и во северен Ирак се инфицирани со опасни полови болести, а околу 30 отсто од нив се заразени и со СИДА
Според извештајот на докторот, доставен до Управата на болницата, дијагностицирани се случаи, кои потврдуваат дека 70 отсто од џихадистите кои војувале во Сирија и во северен Ирак се инфицирани со опасни полови болести. Тоа, како што се констатира во извештајот, е последица на некористењето заштитни средства при сексуален однос, стои во написот на „Експрес“.
Од медицинските тестови кои биле направени произлегло дека околу 30 отсто од џихадистите се инифицрани со ХИВ вирус.
Јилмаз побарал од болничката управа повеќе да не се примаат ранети лица од нивните редови, поради страв да не предизвикаат епидемија на СИДА и други полови заболувања, а веќе заразените џихадисти да се однесат во карантин.