Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје


Душан Чимев од Виница беше најбрз од толпата верници кои денес се фрлија во светите води на Вардар и го фати светиот крст.dusankrst

На сите македонски граѓани со православна вероисповед, 22-годишното момче им посака здравје и среќа. Чимев светиот крст претходно го има фатено во родната Виница.

Околу 120 граѓани се обидоа да го фатат светиот крст во водите на Вардар што од мостот кај хотелот Холидеј Ин го фрли архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1