Канаѓанката која си ги уби трите деца почина по штрајк со глад


Жителка на канадската провинција Квебек, почина како последица на штрајк со глад, кој го почна како протест против обвиненијата кои беа покренати против неа за убиство на нејзините три деца.hi-sonia-blanchette-cp-852-620x320

Во конфликтот со нејзиниот поранешен сопруг за старателство на трите деца Соња Бланшет ги убила двете ќерки и синот на возраст меѓу две и пет години. За тројното убиство беа покренати обвиненија кон крајот на 2012 година и оттогаш Канаѓанката е во притвор.

Во петокот требаше да биде закажан датумот на процесот против неа.

Бланшет почна штрајк со глад есетна и на 19 декември беше примена во монтреалската болница, при што тежеше едвај 36 килограми. Таа почина во болницата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1