Души на мртви ги прогонуваат патниците во московското метро?


Неколку пати месечно, на полноќ, се појавува воз-дух на Кружната линија. Тој практично никогаш ме отвара врата. Внатре се наоѓаат душите на затворениците-градители на метрото, кои умреле при неговата изградба. Ако го видите овој воз, тоа е лош знак, ја раскажува легендата, копачот Даниел Велецки

 18112013184045_moskovsko metroП

остојат гласини дека во московското метро постојат тајни станици, владини бункери, духови и проклети места. Даниел Велецки, копач и индустриски турист, кој се занимава со истражување на московското „подземје„, смета дека мнозинството од она што се говори за метрото се измислици, пренесува Нова Македонија.

-Метрото е заштитен објект, и да се влезе во него и да се истражува практично е невозможно. Ако таму те фатат-тешко тебе. Копачите меѓу себе разговараат кој и како таму блегол и какви ужаси се изнагледал за време на својата прошетка. Најмногу се раскажува за глувци-мутанти и разни суштества-но тоа се само приказни кои луѓето ги знаат и не можат да ги проверат. Никакви возови-духови и „црни машиновозачи„  таму нема. А информациите за тоа, дека таму постојат станици, кои се наоѓаат на картите на метрото-се вистинити- вели Велецки.

Се верува дека тајниот владин бункер би требал да се наоѓа на специјална станица. По личен налог на Сталин оваа станица требала да се користи како подземен московски генералштаб.

Некои станици имаат многу лоша репутација. На пример станицата „Сокол„. Таа е изградена под земја, практично на гробишта на војници загинати во Првата светска војна. Машиновозачите секогаш се трудат тунелот да го поминат со голема брзина. Таму, многу чувствителни луѓе почнуваат да чувствуваат главоболка и таму секогаш се чувствува непријатен и силен мирис. Слична е ситуацијата со станицата „Преображенскаја„ која е изградена под гробиштата Преображенскаја.

Тој се присетува на легендата за возот-дух, која и ден денес е раширена меѓу граѓаните.

-Неколку пати месечно, на полноќ, се појавува воз дух на Кружната линија. Тој практично никогаш не отвара врата. Внатре се наоѓаат душите на затворениците градители на метрото, кои умреле во текот на изградбата. Ако го видите овој воз, тоа е лош знак. Возот е стар модел. Со надувани седиште и стари светилки. Но на  легендата и дојде крај- додава тој.

Московското метро е убаво и мистериозно. Па сепак, ако се најдете во него, застанете за момент и полека погледнете околу себе, а потоа влезете во вагонот. Погледнете низ прозор, можеби ќе одгатнете некоја тајна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1