roze tablickiЕгор Фролов, претставник на Федерацијата на сопственици на автомобили (ФАР) во Краснојарскиот крај, смета дека постојат и други методи за борба против алкохоличарите зад воланот.

– Кога станува збор за засилување на борбата со пијанството зад воланот, ние предлагаме неколку мерки. Меѓу другите, предлагаме да им се даваат розови регистарски таблички на возачите кои биле фатени да возат под дејство на алкохол. Тоа истовремено е и стимул за самите возачи но, и сигнал за другите учесници во сообраќајот – вели тој.

Друга мерка е да се испраќаат алкохолизираните возачи на општествено полезна работа. Притоа, предлагаме да се облекуваат со елеци на кои ќе имаа соодветни натписи. Тоа може да биде срамно, но и поучно за оној кој ќе биде фатен да вози под дејство на алкохол.

Законодавците треба добро да размислат и да го донесат најоптималното решение. Можеби кои од овие проекти ќе се најде на дневен ред и во Државната Дума, изјави Фролов.

Руска реч