Сомнителен на коронавирусот од рано утрово е во карантин во хотелска соба во хотел на улица Македонија во центарот на Скопје.
Според неофицијални информации, во моментов лицата, кои не се македонски државјани се тестираат за присуство на коронавирусот.
Во хотелот присутни од раните утрински часови се тројца доктори од Институтот за јавно здравје.
Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека во хотелот се две лица сомнителни на вирусот. Пристигнале од Келн, Германија и се проверуваат нивните контакти за време на престојот во земјава.
Полицијата го обезбедува хотелот.
Двајца гости во хотел во центарот на Скопје моментално се тестираат за евентуална инфекција од корона вирус. За неколку часа ќе се знае дали тие се инфицирани со Ковид-19.
Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче едниот од двајцата е жител на Австралија, а другиот е од Сингапур. И двајцата допатувале во земјава на 28 февруари, со лет преку Келн, Германија, а изминатите три дена пројавиле симптоми на настинка.
За нивната состојба тие информирале преку телефонска линија од хотелот, по што веднаш се испратени епидемиолози кои што со нив разговарале и направиле акета каде изминативе денови се движеле и со кого контактирале.
Министерот Филипче информираше за да во иднина полесно се лоцираат лицата кои што доаѓаат во земјава од странство, разговарано е со мобилните информатори со порака да ги информираат каде треба да се јават доколку почуствуваат одредени симптоми слични на грип.
Според министерот до 13 март годинава се откажуваат сите јавни настапи, а препорака е спортските натпревари да се одржуваат без публика.