Двајца судии од Апелациониот суд се заразени со коронавирус. Позитивни на тестот се судии кои работат во кривичниот оддел. Претседателот на судот, Лидија Димчевска, за Сител вели дека еден од судиите позитивен тест пријавил минатата недела по што била направена анкета за контактите кои ги имал судијата во текот на работата. По ова уште еден судија пријавил дека неговиот тест покажал дека е заразен со вирусот. Од судот велат дека во моментот се прави анкета за тоа со кои од вработените контактирале двајцата судии во изминатиот период.. Поради ова, до крајот на неделава, се одложени судењата за кои треба да постапуваат судии кривичари.
„Се одлагаат сите јавни седници и расправи закажани во Кривичниот оддел на Апелационен суд Скопје за деновите 24, 25 и 26 јуни 2020 година. Дополнително странките ќе бидат известени за днеот на одржува на одложените седници“, се вели во известувањето од Апелациониот суд.
Утре пак сите вработени во Антикорупциска ќе бидат тестирани откако неодамна со вирусот беа заразени четворица од техничкиот персонал. Првиот човек на комисијата вели дека до сега никој од членовите не пријавил симптоми. Ивановска вели дека ситуацијата може да влијае врз работата на антикорупциска но уверува дека будно ќе ја следат предизборната кампања.
Ивановска додава дека и до сега членовите на комисијата се придржувале до мерките за заштита поради што и подолго време седниците ги одржувале без јавност.
Sitel.mk