Девет мигранти од Ирак денес ја очекуваат пресудата од судот во главниот град на Австрија – Виена
Мигрантите кои се од едно семејство, се обвинети за брутално силување на 28-годишна германска учителка.
Нападот е извршен за време на новогодишната ноќ во 2016 година, пишува “Дејли Меил”.
Младата жена и нејзината другарка тргнале кон центарот на градот, за да се приклучат на прославата на улиците на градот.
Двете се упатиле во еден бар и почнале да се забавуваат, но одеднаш нејзината другарка забележала дека ја нема и започнала потрага по неа.
Подоцна било утврдено дека таа била одведена од четворица мажи.
Ја пренеле во нивниот стан, каде што имало уште пет непознати мажи на возраст меѓу 22 до 45 години.Во текот на два часа бегалците сите ја силувале младата учителка.
Потоа еден од насилниците ја одвел во тоалетот и си направил селфи со неа.Откако завршиле со монструозниот чин, Ирачаните ја испратиле жртвата до автобуската станица и едниот и рекол : “Немој да плачеш”.
На извршителите на ова злосторство им се заканува казна затвор од 15 години.