Два дена ја тепал па и вперил пиштол – семејна драма во Велес


Во 19 часот се одвивала вистинска драма во Велес, во домот на 45-годишната Б.Ѓ. која била дома со двете деца. Полицијата информира дека на 27. нејзиниот сопруг, 47-годишниот Ѓ.А. ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци во пределот на телото и главата, по што и го зел телефонот и заминал од куќата.

На 28. околу полноќ насилникот се вратил дома и почнал да ја навредува, а во еден момент го зел пиштолот, кој го поседувал со дозвола, ја скршил вратата од собата и почнал да ја удира несреќната жена во пределот на главата, по што истата паднала во бесознание.

Тој продолжил да дивее и го вперил пиштолот во неа и двајцата синови заканувајќи се по нивниот живот, по што заминал од куќата.

Жената била префрлена во Јавната здравствена установа-Велес, каде и биле констатирани телесни повреди. А.Ѓ. е лишен од слобода и задржан во Полицијата во Велес за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1