Два дена по автобуската несреќа „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици


Два дена по автобуската несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 16 луѓе, автобуската компанија „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици. Договорот е склучен на 15 февруари, а дури вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки, пренесува ИРЛ.мк.

durmo turs

 

Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма. Според договорот, „Дурмо турс“ почнувајќи од 15 февруари до крајот на годинава ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно. Критериум за добивање на договорот била најниска цена.

Според податоците на Јавни набавки „Дурмо турс“ понудила цена од 700 денари, а конкурентската фирма 3300 денари. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра.

Од ИРЛ пренесуваат дека го побарале за коментар директорот на училиштето, но оттаму рекле дека бил на годишен одмор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1