На Американецот Шон Шварнер (41) на 13-годишна возраст првпат му бил дијагностициран рак. Успеал да го победи. Потоа на 16-годишна возраст повторно му ја дале истатат прогноза и повторна ја победил подмолната болеста, но одлучил да не застане на тоа.
Шварнер својот живот го посветил на совладувањето на наизглед невозможните препреки. Лекарите му дале само две месеци живот, но тој не ја губел надежта. Одлучил дека сака да ги освојува највисоките светски врвови и токму и тоа го направил.
– Она што ме тераше понатаму е мојот цитат кој го смислив: „Човечкото тело може да живее околу 30 дена без храна, може да преживее околу три дена без вода, но ниту едно човечко суштество не може да преживее 30 секунди без надеж“. Така надежта ме терашае да продоложам понатаму – изјавил Шон.
Тој се искачил на највисоките врвови на секој континент, а исто така станал првата личност која преживеала рак и успеала да се искачи на Монт Еверест , со само едно белодробно крило.
Шон станал инспирација на многу луѓе заболени и од рак и им помага преку своето здружение кое го основал. Овој храбар Американец смета дека нема препрека која не може да се премине, бидејќи самиот тој е најдобар доказ за тоа.