Два сомнителни случаи на западнонилска треска евидентирани и во Македонија. Кај дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани во болница, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест. Од ИЈЗ ќе им направат и епидемиолошка анкета дали биле каснати од комарец или патувале во земја каде има заболени од западнонилска треска, јави Сител.
– Меѓу другото е побарано да се испита и присуство на вест најл. Некој се посомневал меѓу друготот дека можеби е западно нилска треска, во момењнтот се прават испитувања и ќе е информираме дали има нешто или не, вели др. Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ
Епидемиолозите предупредуваат дека сега е сезона на вектор преносливите болести и во соседна Србија веќе има 70тина заболени и 5 починати од западно нилка треска. Поголем број на инфицирани биле регистрирани и во Грција. Македонските здравствени власти велат дека изминатите два месеци будно ја следат состојбата со заболувањата што ги пренесуваат комарците. Меѓутоа не постојат симптоми кои се карактеристични за вест најл вирусот, туку според лекарите, тие се исти како и кај грипот.
– Температура, болки во грло, во зглобови и кај голем број може да помине и незабележано оваа болест. Но само кај еден процент можат да се јават потешки компликации на мозокот како менингитис, енцефалит и тоа е тоа што ги плаши сите, овој мал процент и затоа се следи состојбата, вели Кузмановска
Поставување на заштитни мрежи на врати и прозорци и употреба на средства за заштита од убоди на комарци се само дел од мерките што граѓаните можат да ги преземат за да се заштитат од овие инсекти.
Покрај вест најл вирусот, комарците пренесуваат и маларија и жолта треска.
Сител ТВ