Двајца мигранти во Идомени утрово се самозапалиле. Во момент на очај и состојбата во која се наоѓаат сакале да упатат протестна нота до европските власти, објави Канал5.
Протест од неколу стотици бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак имало утрово пред македонската граница. Извикувале со пароли да се отворат границите како и пароли на кои пушува „жалиме за Брисел“.
По самозапалувањето, останатите успеале за кратко да ги изгаснат нивните тела. По брзата интервенција веднаш пристигнала и болничка кола која ги пренела повредените во најблиската клиника.