Двајца кафеанџии се „тепаат“ за терасата во Порта „Македонија“


За десетина дена ќе се знае кој и за колкава кирија ќе го стопанисува кафулето на терасата – видиковец во Порта „Македонија“. Во Министерството за култура завчера се одржала лицитација за наем на просторот што се понуди со почетна цена од најмалку 100 евра месечна кирија. За кафулето наддавале двајца заинтересирани, а за конечниот исход надлежните велат ќе информираат за десетина дена, пишува Утрински.

porta_makedonija_1Инаку, ова беше трет обид конечно да се најде закупец кој терасата во Порта „Македонија“ ќе ја разработи како кафуле. Овој пат почетната цена за киријата беше намалена во споредба со досегашните лицитации и изнесуваше 1,73 евра за квадратен метар. Се издава простор од 172 квадрата. Така, за еден месец закупецот ќе треба да плати најмалку околу 300 евра закуп, што е за речиси 100 евра поевтино од утврдената минимална цена на претходните две неуспешни лицитации.

Првата пропадна, бидејќи воопшто немаше заинтересирани за кафулето, а на последното јавно наддавање, иако се пријавиле тројца заинтересирани, никој не ја наддал почетната цена, па лицитацијата пропаднала.

Потенцијалниот кираџија ќе треба да го најми просторот за период од пет години. Кафулето ќе може да работи осум месеци во годината, поточно сезоната ќе трае од 1 март до 31 октомври со работно време од 18 часот до полноќ. Обврска на закупецот ќе биде да плаќа комуналии за просторот, како и трошоци за одржување на скалите и на лифтот во објектот.

Надлежните велат дека закупецот нема да има потреба од дополнителни инвестиции. Терасата била опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса во која ќе биде дозволено служење алкохолни и безалкохолни пијалаци и топли напивки. Во огласот е напоменато дека кираџиите нема да смеат да пуштаат гласна музика.

Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1