Двајца мажи најдени мртви во автомобил во Драчево – идентитетот непознат


Вчера околу 19.00 од случаен минувач, сопственик на лозје , на патот Драчево – с. Количани, кај место викано Локва, во возило марка „Ровер“ со охридски регистарски таблици, биле пронајдени две мртви лица од машки пол.

policija-skopje1-540x320

Лицата кои биле пронајдени на возачкото и совозачкото седиште се со се уште неутврден идентитет. Во возилото, до едно од лицата е пронајдено огнено оружје – пиштол 7.52 ТТ. Веднаш по дојавата од случајниот минувач, надлежен јавен обвинител излезе на увид на лице место, заедно со екипи од Министерството за внатрешни работи и обдуценти од Институт за судска медицина и криминалистика.

По наредба на јавниот обвинител, телата се дадени на обдукција. Ќе следи и донесување на наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1