Се кратат плати во МПМ бунт на новинарите од весниците


Откако утрово во редакциите на весниците на МПМ, Утрински, Вест и Дневник и другите изданија, осамнал оглас на управата дека ќе се кратат платите, а можни биле и отпуштања, новинарите излегоа пред зградата протестирајќи против овие решенија. Вработените во МПМ, фирмата која ги издава весниците Дневник, Утрински весник и Вест, денеска излегоа на протест. Vest dnevnik utrinski

Вработените во овие три весници, како и тие во „Теа модерна“ и „Македонски спорт“ се против ваквата одлука на менаџментот и денеска излегоа на протест пред дирекцијата на компанијата заедно со Синдикатот на новинарите. Велат дека платите на сите вработени им се намалиле од 10 до 30 %, без притоа да биде косултиран синдикатот.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека одлуката ќе има негативен ефект врз квалитетот и слободата на изразување, дека кај колегите ќе делува демотивирачки а ќе ја зголеми и нивната социјално-економска ранливост.

На крајот, по кратко меѓусебно договарање, новинарите од МПМ присутни на денешниот протест, се договорија и утре и во наредните денови, во 12 часот, повторно да излезат пред МПМ и да продолжат со протестот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1