Двајца мигранти загинаа, а 10 од кои 5 деца, се повредени во сообраќајка кај Ниш


Двајца мигранти загинаа, а десет други, од кои пет деца, се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на автопатот Ниш-Белград, соопшти српската полиција.rotacija-policija-nokj

Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат” во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел. Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш.

Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.

– Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете, изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1