Полицијата им поднесе кривична пријава на двајцата враќа кои вчера утрината пукаа во хирургот кој ја оперирал нивната мајка, а која подоцна починала.
Триесет и четири годишниот Имер Н. заработи кривична поради убиство во обид и недозволено тргување и држење на оружје, додека неговиот брат Абдул К.Н. (36) за соизвршителство при убиство во обид, напад на службено лице и насилство.
По приведувањето во полициска станица двајцата во целост го појасниле делото. Второпријавениот Абдул и претходно и е познат на полицијата, против него веќе е поднесена кривична пријава за сторени две дела, тешка кражба.