Двајца пациенти во Битола починале од ненадејни крвавења


Аневризма на адбоменална аорта и мозочен удар биле причините од кои завчеравечер и вчераутро починаа двајца пациенти во битолската болница на кои претходно им била укажана лекарска помош. Едниот од нив е 71-годишен маж од демихисарско село, кој починал од стомачно крвавење, а идентитетот на другиот починат с` уште не е утврден,, пишува Дневник.

bolnica_bitolaНадлежните од болницата смируваат и потенцираат дека овие случаи не можат да се доведуваат во врска со неодамнешните смртни случаи на пациенти што ја вознемирија јавноста. Оттаму објаснуваат дека демирхисарецот починал од аневризма на адбоменална аорта (крвавење) на патот за дома откако претходно бил прегледан во болницата и му била дадена инфузија. Настанот се случил вчераутро околу 4 часот.

– Лицето се жалело на болки во горниот дел од стомакот и гадење. Бил испратен на хирургија и таму е констатирано дека нема затегање во абдоменот, по што е испратен на ургентна медицина да прими инфузија. Расположен и задоволен од приемот на персоналот, тргнал дома. На патот, надвор од болницата, не знам точно во кој дел од градот ненадејно умрел – изјави директорот на болницата Василе Најдовски.

Врз телото на починатиот е направена обдукција. Одговорните демантираат дека смртта била предизвикана од инфузијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1