Двајца полицајци вработени во затворот во Штип вчера биле уапсени откако зеле пари од затвореници, дознава МКД.мк.
Според информациите на МКД.мк, станува збор за затворските полицајци Борче Б. и Злате Ш. Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава за поткуп. Судија на претходна постапка му одредил притвор на полицаецот Борче Б.