Двајца приведени, протестот пред Собранието продолжува напладне


По завршувањето на седницата за уставни промени, полицијата приведе двајца учесници на протестите поради нарушување на јавниот ред и мир, потврдија од МВР .

Неофицијално двајцата се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието.Тие се одведени во полициска станица, а по расчистувањето на случајот ќе им бидат поднесени и пријави.

Протестите пред Собранието беа организирани од „Македонија блокира“, и ,,Тврдокорните”, а подоцна им се приклучија и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партиското членство.Учесниците најавија дека протестот ќе продолжи утре напладне, а свое обраќање најави и Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1