Двајца скопјани со шишиња претепани на Бит Пазар


policija uvidВчера околу околу 02,30 часот, во Скопје на ул. „Битпазарска“, седум до осум непознати лица меѓу кои и Д.А. од Скопје физички ги нападнале Е.З.(23) и А.А.(26), двајцата од Скопје, во која биле употребени и тврди предмети (стаклени шишиња и чаши), нанесувајќи им телесни повреди во пределот на главите и телата.

Е.З. и А.А. се пренесени во Ургентен центар Скопје, каде кај Е.З. е констатирана тешка телесна повреда во пределот на лицето, а кај А.А. телесна повреда и истите се задржани за понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1