Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“.
Според весникот со морбили се заразени една хигиеничарка и еден припадник на обезбедувањето. Ако при тестирањето се докаже дека некој од вработените нема доволен број антитела веднаш ќе биде вакциниран.
Според најновите податоци на српските здравствени власти од октомври 2017 во Србија се регистрирани 4.292 случаи на мали сипаници, а од компликации од болеста починаа 12 лица.
Во четвртокот во Србиија почна сослушувањето на јавни личности од Србија против кои група граѓани поднесе кривична пријава поради предизвикување паника со своите објави против вакцинирањето од морбили.
Кривичната пријава се поднесени и ќе бидат сослушани д-р Слаѓана Велков, писателката и сценаристка Маја Волк, писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, фолк пејачката Јелена Карлеуша и други јавни личности од Србија, која доколку бидат осудени можат да добијат затворска казна до пет години.
Тужбата е поднесена против 43 лица кои организирале и учествувале во ширењето антиимунизациска пропаганда.