„Би сакала да умрам“ – болна исповед на Марина Туцаковиќ


Марина Туцаковиќ храбро се бори со тешката болест само поради синот Милан Радуловиќ. Да го нема него, вели таа, одамна би се предала.

После операцијата на Институтот за онкологија, авторката на најголемите хитови во регионот, отпатува во Германија за да се лекува со автоимуна терапија.
Иако се чувствува лошо и измачено, Марина не се откажува. Има една цел, да го усреќи синот кој не би и простил ако се предаде.

Иако едвај се движи и зборува, таа се бори.

-Би сакала да умрам, но морам да живеам заради синот. Јас и онака со години живеам мачно, тоа неодамна ми го кажа, рекла блиска пријателка на Марина.

-И покрај се таа е толку силна што и се восхитувам, таков борец немам сретнато. Храбро се носи со црната судбина, откако и почина синот Милош. Само таа си знае низ каква болка минува веќе девет години. Одамна би се откажала, да не и беше другиот син, кој и е се на светот. За него живее и се бори, рекла пријателката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1